ВМРО-ДПМНЕ ги повикува МАНУ и МНР да излезат со став за договорот со Бугарија
Според партијата, македонскиот народ има право да знае какви отстапки направил Заев бидејќи, како што велат, експертите од Бугарија протолкуваа дека со договорот се става крај на македонизмот...

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение ги повикува Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) и Министерството за надворешни работи да излезат со став за договорот кој премиерот Заев има намера да го склучи со Бугарија.
Според партијата, македонскиот народ има право да знае какви отстапки направил Заев бидејќи, како што велат, експертите од Бугарија протолкуваа дека со договорот се става крај на македонизмот, а сиот овој атак не само што не беше демантиран, туку беше премолчен од институциите предводени од СДС.
ВМРО-ДПМНЕ најостро ги осудува како што велат, антимакедонски ставови и ги повика академиците да реагираат и да се изјаснат околу договорот со Бугарија.
