Претседателот Иванов на форумот Кран Монтана во Барселона
Форумот е основан во 1986 година со цел да обезбеди широка меѓународна соработка и поврзување на економските чинители на светско ниво, како и да придонесе кон глобалниот економски раст.

Претседателот Иванов од денеска до 7-ми јули ќе престојува во работна посета на Кралството Шпанија. Шефот на државата ќе се обрати и на годишната сесија на форумот Кран Монтана, што се одржува во Барселона.
Форумот е основан во 1986 година со цел да обезбеди широка меѓународна соработка и поврзување на економските чинители на светско ниво, како и да придонесе кон глобалниот економски раст.
Во петок, на сопругата на претседателот Маја Иванова ќе и биде доделена наградата Златен медал на форумот Кран Монтана, за нејзините активности, проекти и иницијативи од хуманитарен карактер.
