Серија земјотреси во Охрид, сеизмолозите велат- нема простор за паника
По завчерашниот земјотрес од 5 степени, на терен се проверува настаната штета. Пријавени се оштетувања на 170 објекти. Донесена е одлука превентивно да се затвори една градинка.

Во Охридскиот регион, регистрирани нови четири земјотреси со умерен до посилен интензитет. Земјотрес од 3,8 степени според Рихтер е почувствуван рано изутрината. Силен земјотрес го потресе Охрид и пет минути по полноќ, чија магнитуда беше 4,1 степен по Рихтер. Сеизмолозите тврдат дека нема простор за паника, послаби потреси се очекувани.
По завчерашниот земјотрес од 5 степени, на терен се проверува настаната штета. Пријавени се оштетувања на 170 објекти. Донесена е одлука превентивно да се затвори една градинка.
Нема опасност од активирање на Косел, тврдат од Институтот за географија при Природно- математичкиот факултет.
Министерството за одбрана ги понуди капацитетите на воениот камп „Васко Карангелески“ во Свети Наум. Како што велат од одбраната, вратите на кампот се отворени за граѓаните кои имаат штета од досегашните потреси и чувствуваат потреба да се засолнат додека земјата во Охрид не се смири.
Пријавите за сместување може да се направат на телефонскиот број 070 403 392, кај раководител на секторот за услуги, туризам, одржување и возен парк во Министерство за одбрана.
