ВМРО-ДПМНЕ: Јавниот обвинител да се избира на предлог на опозицијата со двотретинско мнозинство
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе нов предлог Закон за јавниот обвинител по скратена постапка.

ВМРО-ДПМНЕ бара јавниот обвинител да се избира на предлог на опозицијата и наместо со просто да се наименува со двотретинско мнозинство. Пратеничката група поднесе нов предлог Закон за јавниот обвинител по скратена постапка.
„Предлагаме процедурата да биде изменета, предлогот да не го дава Владата на Република Македонија, туку да го дава најголемата опозициска партија во Собранието, но за да биде избран некој за јавен обвинител, мора да добие двотретинско мнозинство“, изјави Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.
Според Димовски, ваквиот избор би значело инклузивност, подавање рака, заеднички пат кон реформите- зборови кои многу често ги употребува новата Влада, а ќе значи и консензус за клучни прашања.
