Габриел бара почитување на суверенитетот на Катар
05.07.2017 12:18
На заедничката конференција со неговиот катарски колега, шеикот Мохамед бин Абдулрахман Ал-Тани, Габриел побара почитување на суверентитетот на заливската земја која ја обвинија за поддршка на тероризам.

Министерот за надворешни работи на Германија, Зигмар Габриел ја пофали воздржаноста во реакцијата на Катар во однос на дипломатскиот спор со арапските земји.
На заедничката конференција со неговиот катарски колега, шеикот Мохамед бин Абдулрахман Ал-Тани, Габриел побара почитување на суверентитетот на заливската земја која ја обвинија за поддршка на тероризам.
Освен блокада, Катар доби и ултиматум од 13 точки кој истекува денеска.
Во Каиро се рагледуваат наредните чекори од Бахреин, Египет, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати.
