Случајот „Пуч“ на разгледување во Кривичен суд, „Сопот“ предаден на СЈО
Советот на јавни обвинители реши списите од случајот „Пуч“ да биде разгледани од скопскиот Кривичен суд. Специјалното јавно обвинителство во јануари го повлече предметот бидејќи во истрагата за „Тврдина“ се појавиле докази спротивни на процесот за „Пуч“. „Сопот“ пак ќе биде предаден на СЈО, одлучи Обвинителството за организиран криминал и корупција...

Советот на обвинителите го симна од дневен ред случајот „Пуч“. Според првиот човек на Советот, Петар Аневски, прерано е да одлучуваат по овој предмет, бидејќи е поврзан со некои други постапки што се водат во Специјалното јавно обвинителство. За спогодбата на Звонко Костовски, обвинет во „Пуч“, која ја бараше СЈО, Аневски рече дека ќе биде вратена во Кривичниот суд.
Аневски потврди дека на Обвинителството за организиран криминал му се дадени насоки предметот „Сопот“ да го предаде во СЈО.
Според законот за СЈО, од моментот на прием на предметот, специјалната обвинителка Катица Јанева има рок од 8 дена да одлучи дали е надлежна за „Сопот“.
Фиљана Кока
