Заедничка воена вежба на Вашингтон и Сеул како одговорн на провокациите од Пјонгјанг
Вашингтон и Сеул со заедничка воена вежба одговорија на последното ракетно тестирање од Северна Кореја. Новиот тип ракета има капацитет да стигне и до територијата на САД. ЕУ разгледува нови санкции за Пјонгјанг и бара целосно повлекување на програмата за развој на балистички ракети...

Јужна Кореја и САД одржаа воена вежба откако Пјонгјанг тестираше нов тип интерконтинентална балистичка ракета која може да стигне и до Алјаска. Обуката која беше пренесувана во живо е по наредба на јужнокорејскиот претседател Мун Џеј-Ин за да се демонстрира капацитетот на ракетната одбрана на сојузниците и во практика, а не само на зборови, се вели во соопштението од владиниот кабинет во Сеул.
Лидерот од Пјонгјанг, Ким Јонг Ун изјави дека Американците нема да бидат среќни со подарокот за 4. јули, Денот на американската независност, и најави вакви пратки и во иднина. Државниот секретар во Вашингтон Рекс Тилерсон побара мерки по лансирањето на најновиот тип ракета со која, како што вели, кулиминирала нуклеарната закана од Пјонгјанг.
„Тестирањето на ваква ракета претставува е нова ескалација во заканата за САД, нашите сојузници и партнери, регионот и светот. За запирање на глобалната опасност, потребен е глобален одговор. Секоја земја која нагости има севернокорејски работници, остварува економска или воена соработка или не ги спроведува целосно резолуциите на ОН, потпомага опасен режим“, изјави државниот секретар на САД, Рекс Тилерсон.
Советот за безбедност на Обединетите Нации закажа вонреден состанок за ситуацијата на Корејскиот Полуостров. Европската Унија подготвува нови санкции за непопустливиот Пјонгјанг и бара целосно повлекување на програмата за балистички ракети.
Маја Филдишев
