МФ: Отплатен заемот кон Дојче Банк

05.07.2017 14:55

Со оваа исплата, јавниот долг, како процент од БДП, ќе се намали за 0,7 процентни поени...

Министерството за финансии во целост го отплати заемот кон Дојче Банк од 2012 година во висина од 77,3 милиони евра 75 милиони се за главнината, а 2,3 милиони евра за камата.

Заемот беше со каматна стапка од 6,4 проценти, а наменет за финансирање на буџетскиот дефицит и рефинансирање на обврските кои достасуваат по основ на редовна отплата на државниот долг, велат од финансии. 

Со оваа исплата, јавниот долг, како процент од БДП, ќе се намали за 0,7 процентни поени, информираат од Министерството за финансии.