ДИК ги усвои деловникот за работа и правилникот за постапката за решавање по приговори
Државната изборна комисија ги усвои деловникот за работа и правилникот за постапката за решавање по приговори. Од ДИК велат дека се регулираат многу важни прашања за нивното функционирање. Има пари и за учесниците на изборите...

Државната изборна комисија ја усвои одлуката за исплата на надоместок на трошоците на учесниците на изборната кампања за последните предвремени парламентарни избори. Според законот, надоместок ќе добијат и избраните пратеници во Собранието и учесниците во кампањата од чиишто листи на кандидати не се избрани пратеници. Претседателот на ДИК, Чичаковски, вели дека Министерството за финансии одобрило средства за оваа намена.
Државната изборна комисија на седницата едногласно ги усвои Деловникот и Правилникот за начинот и постапката за решавање по приговори. Во подготовката на двата документа учествувале претставници од граѓанскиот сектор, државните институции и меѓународни консултанти.
Двата документа ќе бидат објавени во „Службен весник“ и на интернет- страницата на ДИК и ќе бидат достапни за јавноста.
Сунчица Николоска
