ЦУК: Да нема паника и лажни изјави за нови потреси
Граѓаните и посетителите во Охрид да не им веруваат на оние кои се обидуваат да предизвикаат паника- апелираа надлежните. Заседаваше главниот штаб на Центарот за управување со кризи. Институциите се подготвени да реагираат...

Простор за паника нема, граѓаните да не шират и да не веруваат во лажни вести за нови потреси. Земјотресите се непредвидлива појава, а афтершоковите вообичаени- смируваат сеизмолозите. По серијата потреси и паничните напади од страв во Охридско, надлежните институции апелираат на присебност и смиреност. По земјотерсот од 5 степени пред два дена, сите со помала амплитуда не се опасни. Виталните објекти во Охрид се во функционална состојба, нема консруктивни оштетувања.
Да се почитуваат препораките на институциите за постапување во случај на земјотреси, надлежните се подготвени да реагираат за сите случувања- убедуваат од Центарот за управување со кризи. Граѓаните да пријавуваат оштетувања на телефонскиот број 195, екипите на терен ќе интервенираат.
Стабилна е состојбата, нема активни пожари, со оглед на високите температури ситуацијата се држи под контрола, велат од Македонски шуми.
На состанокот на главниот штаб во ЦУК, сите надлежни институции реферирале за состојбата со земјотресите, мегу заклучоците биле дефинирани конкретни насоки и активности за дејствување во сите ситуации.
Сузана Фиданска- Стоевска
