Вашингтон се закани со воена интервенција кон Пјонгјанг
06.07.2017 10:22
Одлуката следи по последното тестирање на нов тип интерконтинентална балистичка ракета од Пјонгјанг која може да стигне и до територијата на Алјаска.

Властите на САД предупредија дека ќе употребат воена сила во релацијата со Северна Кореја доколку биде неопходно.
Одлуката следи по последното тестирање на нов тип интерконтинентална балистичка ракета од Пјонгјанг која може да стигне и до територијата на Алјаска.
Амбасадорката во ООН, Ники Хејли најави и нова резолуција за режимот на Ким Јонг Ун поради операциите со кои се загрозува стабилноста на Корејскиот Полуостров.
