Испраќање на контингент на АРМ на вежба „Сајбер Гардијан 2017“

06.07.2017 10:30

Вежбата, која е најголема во црноморскиот регион годинава, е во организација на командата на Армијата на САД за Европа. Ќе учествуваат припадници од специјалните единици, од воената полиција, инженерискиот баталјон и од балканските медицински сили.

71 припадник на Армијата на Република Македонија од 11-ти до 20-ти јули ќе учествуваат на големата меѓународна вежба „Сајбер Гардијан 2017“, што се изведува на територијата на Унгарија, Романија и Бугарија. Ќе бидат дел од околу 25 илјади припадници на оружените сили на над 20 земји членки на НАТО и партнери на Алијансата.

Вежбата, која е најголема во црноморскиот регион годинава, е во организација на командата на Армијата на САД за Европа. Ќе учествуваат припадници од специјалните единици, од воената полиција, инженерискиот баталјон и од балканските медицински сили.

Целта на вежбата е да се покаже подготвеноста на припадниците на земјите учеснички, за одговор на поголемо сценарио кое вклучува компјутерски поддржани вежби, теренска обука и вежби со боеви гаѓања.