Продолжува блокадата кон Катар, но без нови санкции

06.07.2017 11:14

Следниот состанок на министерско ниво ќе се одржи во Манама, Бахреин.

Четирите арапски земји кои го бојкотираат Катар изразија разочараност од негативниот одговор на нивниот ултиматум по средбата во Каиро. Блокадата продолжува, но без нови санкции.

Следниот состанок на министерско ниво ќе се одржи во Манама, Бахреин. Оваа земја, заедно со Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Египет ја обвинува Доха за поддршка на терористички групации, како и за сојузништво со регионалниот ривал шиитски Иран.

Катар ги негира обвинувањата.