Струшката депонија повторно гори

06.07.2017 11:47

Револтирани стружани ноќеска оставиле ѓубре пред општинската зграда со цел да им укажат на надлежните дека треба да се преземат мерки за надминување на проблемот и постојан надзор над депонијата за да не дојде до повторно палење.

Депонијата во Струга од вчера попладне повторно гори. Револтирани стружани ноќеска оставиле ѓубре пред општинската зграда со цел да им укажат на надлежните дека треба да се преземат мерки за надминување на проблемот и постојан надзор над депонијата за да не дојде до повторно палење.

Густиот чад, којшто синоќа се ширеше од депонијата, ветерот го носеше над градот, што предизвика реакции кај стружани.

Од граѓанската иницијатива „Доста“, информираат дека доколку надлежните не ги исполнат нивните барања за дислокација на дивата депонија, која претставува опасност по здравјето на стружани, граѓаните ќе преземат порадикални мерки меѓу кои блокирање на магистралните патишта, а не е исклучено ниту блокирање на граничниот премин Ќафасан.