Нов земјотрес од 3,8 степени по Рихтер во Охридско

06.07.2017 11:50

Епицентарот е на 10 километри источно од Охрид, соопштуваат од Сеизмолошката опсерваторија. Изутринава и ноќеска имало послаби земјотреси во овој регион. Од 18-ти јуни досега, во Охридско се забележани повеќе од илјада потреси.

Нов земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтер е почувствуван во Охридско, во 11 часот и 12 минути. Епицентарот е на 10 километри источно од Охрид, соопштуваат од Сеизмолошката опсерваторија.

Изутринава и ноќеска имало послаби земјотреси во овој регион. Од 18-ти јуни досега, во Охридско се забележани повеќе од илјада потреси.

Вчера во Скопје заседаваше главниот штаб на Центарот за управување со кризи. Институциите се подготвени да реагираат.

Министерството за одбрана соопшти дека воениот камп „Васко Карангелески“ во Свети Наум ги отвора вратите за граѓаните кои се вознемирени.