Почнува пријавувањето за земјоделски субвенции, рокот трае до 15-ти септември

06.07.2017 12:16

За годинава, субвенциите ќе изнесуваат вкупно 160 милиони евра. Земјоделците ќе можат да аплицираат електронски.

Од денеска па до 15-ти септември земјоделците ќе можат да поднесуваат барања за субвенции. За годинава, субвенциите ќе изнесуваат вкупно 160 милиони евра. Земјоделците ќе можат да аплицираат електронски.

„Ги повикувам земјоделците да конкурираат за субвенции за годинашното производство. Сите заинтересирани земјоделци можат сами да аплицираат, електронски, преку Е- барање поставено на страната на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, а оние што не се во можност сами да креираат барање, најдоцна до 30-ти август годинава треба да побараат техничка поддршка од Подрачната единица на Министерството“, изјави министерот за земјоделство, Љупчо Николовски.

Како што објасни Николовски, за помош околу аплицирањето земјоделците можат да ги користат и услугите на Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделството.