Илиоски: МАНУ молчи кога се руши угледот на Република Македонија
ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека Република Македонија треба да гради добри односи со соседните земји, но во никој случај на штета на идентитетските теми...

Во услови кога македонските национални и државни интереси се атакувани од надвор, кога се негираат македонскиот народ, македонскиот јазик и името на државата, нашата највисока национална научна установа молчи. Тоа е срамно, вели Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Таки Фити лично може да се согласува или не, со тврдењата на Димитров или со најавите дека Заев договорил да се бришат учебници, но како Претседател на највисоката научна установа има обврска да ги брани националните интереси. Таки Фити со недели го нема да се произнесе за атакот врз македонската историја, македонскиот јазик и македонскиот идентитет“, изјави денеска Илиоски.
ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека Република Македонија треба да гради добри односи со соседните земји, но во никој случај на штета на идентитетските теми и достоинството и угледот на македонската држава и македонските институции- велат од партијата.
