Припадници на АРМ дел од меѓународната вежба „Сајбер Гардијан“

06.07.2017 12:43

Припадници на АРМ, дел од меѓународната вежба „Сабја чувар“, што се одржува во Романија, Унгарија и Бугарија. Ќе бидат дел од околу 25 илјади припадници на оружените сили на над 20 земји членки на НАТО и партнери на Алијансата. Ова е уште една можност да се покаже врвната обученост на нашите војници, вели министерката за одбрана Радмила Шеќеринска. Изјави дека дел од проблемите во Армијата ќе се решаваат со ребалансот на буџетот.

Армиски специјалци, инженерци, воени полицајци и припадници на Балканските медицински сили ќе бидат дел од најголемата вежба во црноморскиот регион годинава „Сајбер Гардијан“, односно „Сабја- чувар“. Вежбата се одржува во Романија, Унгарија и во Бугарија. 71 припадник на АРМ заедно со околу 25 илјади војници од 20-на земји членки на НАТО и партнери на Алијансата ќе ги проверуваат способностите и обученоста преку компјутерски поддржани вежби, теренска обука и боево гаѓање.

„Со тоа и усвојување на НАТО стандардите како придонес во јакнењето на борбената готовност на единиците на АРМ, и усовршување на штабните процеси и процедури, во НАТО водените операции“, рече генерал- мајор Мухамед Рацај, заменик началник на ГШ на АРМ.

Преку вежби, САД ги јакнат врските со сојузниците и партнерите на НАТО, потврдувајќи ја заложбата за колективна одбрана и просперитет на Европа, рече амбасадорот Бејли. Потенцира дека партнерството со Македонија се покажува и во меѓународните мисии како што е Одлучна поддршка во Авганистан.

„Армијата на Република Македонија има одлична репутација и ние сме горди на блиската соработка. Ќе продолжиме со пронаоѓање можности за заеднички обуки овде, во Европа и во САД, зацврстувајќи ја нашата соработка, подржувајќи ја македонија на патот кон членството во НАТО“, изјави амбасадорот на САД во земјава, Џес Бејли.

Припадниците на АРМ ќе бидат распоредени во Романија и во Унгарија. Ова е уште една можност да се покаже врвната обученост и професионализмот на нашите војници, вели министерката за одбрана Шеќеринска. Во средината на месецов лично ќе ги посети припадниците на АРМ во Романија.

„Тоа ќе ја зголеми безбедносната и одбранбената подготвеност на АРМ, воедно тоа ќе ја зголеми и нашата интероперабилност со земјите- членки на НАТО и партнерите. Оваа инвестиција во нашите капацитети ќе возврати со подобра Армија, подобра одбрана и наше членство во НАТО алијансата“, рече министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска.

Околу 300 американските војници со инженериска опрема и возила ќе се вратат во Македонија и да учествуваат на заедничка вежба со припадници на АРМ од сите родови.

Подготвеноста на АРМ ќе биде тестирана уште еднаш, кон крајот на јули и во почетокот на август, кога заедно со припадниците на американската војска, ќе изведат заедничка вежба „Змај- чувар“, на полигонот Криволак.

Освен проверката на обученоста, потребно е да се води сметка и за животниот стандард на припадниците на АРМ и вработените во одбраната. Министерката најави дека дел од проблемите ќе се решаваат со ребалансот на буџетот, а трајно затворање најави со новиот буџет за 2018.

 

Милчо Велески