Жбогар гледа оптимизам, бара реализација на планот 3-6-9

06.07.2017 14:35

Евроамбасадорот Жбогар смета дека во следните неколку месеци ќе биде мерливо колку владата ќе може да испорача...

Евроамбасадорот Самуел Жбогар гледа оптимизам во земјава. Очекува Брисел да ги валоризира реформите. Бара реализација на планот 3-6-9.

„Она што е добро е дека владата веќе излезе со план. Сега преминуваат од зборување за реформи, тоа е веќе ставено конкретно на хартија. Мислам дека тоа што е потребно во следните три месеци е да се направат чекори во тој контекст“, изјави евроамбасадорот Жбогар.

Жбогар смета дека во следните неколку месеци ќе биде мерливо колку владата ќе може да испорача. „Се разбира дека ние како ЕУ ќе ги поддржиме, меѓутоа да почекаме чекор по чекор да се реализираат овие работи“- нагласи евроамбасадорот во земјава.