Макрон поддржува решение засновано на две држави за Израелско-палестинскиот конфликт

06.07.2017 14:59

Според него, со договорот мора да се признаат легитимните права на Палестинците да имаат независна држава, но и да се осигура безбедност на Израел.

Францускиот претседател Емануел Макрон поддржува решение засновано на две држави со кое ќе се оконча израелско-палестинскиот конфликт. Според него, со договорот мора да се признаат легитимните права на Палестинците да имаат независна држава, но и да се осигура безбедност на Израел. Макрон потенцира дека Франција отсекогаш го осудувала градењето на израелските населби на палестинска територија кое е незаконско според меѓународното право.

Во меѓувреме, Израел соопшти дека планира да одобри изградба на 800 домови за Евреите во источен Ерусалим во наредниот месец. Тоа ќе биде првиот случај во кој е дадена дозвола за населби во анектираниот дел откако претседателот на САД, Доналд Трамп го повика израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да се воздржи од таков чекор.