Армиските ренџери на вежбата „Заеднички предизвик“
Ренџерите изминативе неколку дена ги покажаа своите способности во совладувањето на тешко пристапен терен на полигонот за обука „Липово“.

Армиските ренџери се дел од вежбата „Заеднички предизвик 2017“ што се одржува во Црна Гора. На денешното затворање на вежбата присуствува и началникот на Генералштабот на АРМ, генерал потполковник Методија Величковски.
Ренџерите изминативе неколку дена ги покажаа своите способности во совладувањето на тешко пристапен терен на полигонот за обука „Липово“.
Заедно со 24-тиот планински баталјон на Австриската војска и со припадниците на војската на Црна Гора, македонските ренџери демонстрираа користење опрема за јазење, тактичко движење на патека за качување, борбено обезбедување, спасување повредени во тешки услови и користење хеликоптери за евакуација на повредени.
