Органското може да биде поевтино
Органските производители сѐ уште не можат самите да ги продаваат своите производи, како што тоа го прават другите земјоделци. За воспоставување на мрежа за откуп и за продажба на пазарот проблем е малото производство и малите количества на органски производи.

Органското производство може да биде поевтино од комерцијалното, ако се применуваат соодветни искуства и техники. Производителите засега треба да вложат повеќе труд и повеќе знаење за да ја направат органската храна поевтина и подостапна, бидејќи во Македонија и во регионот цените се голем предизвик за платежната моќ на граѓаните.
Мора да се применува локалното знаење и искуство од домашното поднебје каде што се произведува органската храна. На пример, тоа што како практика се применува во Африка или во Германија не значи дека може да биде успешно и во нашава земја.
Интересот на македонските потрошувачи за органскиот начин на исхрана е сѐ поголем, а во постојан раст е и бројот на органски производители, како и на сертицифираните површини под органско земјоделство.
Во Македонија се регистрирани повеќе од 500-тини органски производители, а ниту еднен откупно дистрибутивен пункт за организиран пласман и покрај зголеменета побарувачка на пазарот на органските производи.
Методија Трајков
