Трамп и Путин на првото тет-а-тет соочување на самитот на Г20 во Хамбург

07.07.2017 10:27

Двајцата лидери изразија подготвеност да ги обноват односите кои беа влошени поради несогласувањата околу кризата во Сирија и во Украина...

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе ја има првата тет-а-тет средба со шефот на руската држава Владимир Путин на самитот Г20 во Хамбург.

Двајцата лидери изразија подготвеност да ги обноват односите кои беа влошени поради несогласувањата околу кризата во Сирија и во Украина, но и поради наводното мешање на Москва во последните претседателски избори во САД.  

Претходно Трамп ја повика Русија да ја запре дестабилизацијата на Украина. Кремљ ги отфрла коментарите.

„За да се соочиме со новите форми на агресија, меѓу кои се и пропагандата, финансискиот криминал и кибернетичката војна, нашето сојузништво мора да се прилагодува за да се бори ефикасно со нови методи и на нови фронтови. Русија треба да се вклучи во борбата против заедничките непријатели и во одбрана на цивилизацијата“, изајви американскиот претседател, Доналд Трамп.€ 

Во судирите пред средбата на 20 најголеми економии во светот се повредени 76 полицајци. Демонстрантите се незадоволни од политиките на Г20 во повеќе сфери, меѓу кои се и оние за климатските промени, растечката нееднаквост и заканите за светскиот мир.