Владина седница за ребаланс на буџетот

07.07.2017 10:32

Премиерот Заев деновиве изјави дека очекува ребалансот на државната каса да биде донесен пред 2-ри август...

Владата одржува седница за ребаланс на буџетот. Според најавите, ќе се крати во дел од непродуктивните трошења, но засега нема детали каде.

Премиерот Заев деновиве изјави дека очекува ребалансот на државната каса да биде донесен пред 2-ри август, бидејќи ова прашање мора да биде отворено 20 дена, десет дена се води дебата пред матичната собраниска комисија и уште пет на пленарна седница.

Најави дека продолжува соработката со странските финансиски институции, а намерата на владата е да влече пари и кредити само за инфраструктурни и развојни проекти, што ќе ги враќаат парите назад.