ВМРО-ДПМНЕ: СДС институциите ги полни со партиски кадри и кадри на Сорос

07.07.2017 10:39

Ги повикуваме сите меѓународни претставници во Македонија и меѓународната заедница да реагираат на ваквото прекршување на демократските принципи во државава, стои во дописот.

СДС во текот на изборите ветуваше професионални државни институции и департизиран апарат, за сега еден месец откако стапнаа на власт, нивни пратеници ветуваат противправни услуги и привилегии за членовите на СДС, а институциите ги полнат со партиски кадри и кадри на Сорос, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ги повикуваме сите меѓународни претставници во Македонија и меѓународната заедница да реагираат на ваквото прекршување на демократските принципи во државава, стои во дописот.

Граѓаните од СДС очекуваат професионален државен апарат, а не партиска држава со привилегии за членовите на СДС, каде остатокот од граѓаните ќе бидат граѓани од втор ред, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.