Заливските земји најавија политички, економски и правни чекори против Катар
07.07.2017 11:18
Властите во Доха потенцираа дека ќе ги штитат својот народ и суверенитетот на земјата.

Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Египет најавија политички, економски и правни чекори откако Катар го одби ултиматумот со 13 услови.
Властите во Доха потенцираа дека ќе ги штитат својот народ и суверенитетот на земјата.
Заливските земји го обвинуваат Катар за поддршка на тероризмот и воведоа блокада во сите транспортни сектори.
