Собраниската седница ќе продолжи в понеделник

07.07.2017 11:50

На дневен ред на седница е и предлог- одлуката за разрешување на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски.

Расправата по предлог одлуката за давање согласност на општите акти на народниот правобранител ќе продолжи в понеделник. Претседателиот на Собранието, Џафери вчера ја прекина седницата по серијата паузи што ја побараа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои побараа да се разгледаат стенограмите од обраќањето на омбутсманот Мемети.

На дневен ред на седница е и предлог- одлуката за разрешување на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски.

ВМРО-ДПМНЕ со законски измени побара опозицијата да го избира јавниот обвинител со двотретинско мнозинство. СДСМ и коалициските партнери го одбија предлогот.