СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ лицемерно предлага идеи за кои пред неколку месеци сметаше дека се неуки и апсурдни

07.07.2017 11:59

Од СДСМ потенцираат дека ВМРО-ДПМНЕ се противела на предлогот за укинување на Радиодифузната такса на разговорите во Пржино, и дека лани пратениците ги отфрлиле измените на Законот за медиуми предложени од СДСМ со кои се предвидуваше финансирање на јавниот сервис од буџетот.

ВМРО-ДПМНЕ лицемерно предлага идеи за кои до пред неколку месеци сметала дека се неуки и апсурдни, велат од СДСМ. Преку предлогот за укинување на Радиодифузната такса, сака да прикаже наводна загриженост за потребите на граѓаните.

Од СДСМ потенцираат дека ВМРО-ДПМНЕ се противела на предлогот за укинување на Радиодифузната такса на разговорите во Пржино, и дека лани пратениците ги отфрлиле измените на Законот за медиуми предложени од СДСМ со кои се предвидуваше финансирање на јавниот сервис од буџетот.

ВМРО-ДПМНЕ нема право да провоцира и да се обидува да профитира со предлози кои како дел од програмата на новата влада наскоро ќе се остварат, наведува СДСМ во соопштението.