Инспекциска контрола на пет клиники по налог на Таравари
Во Ургентниот центар, на Ортопедија и во Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза, општата хигиенско- санитарна состојба е релативно добра, за разлика од Трауматологија кадешто не е на задоволително ниво...

На Клиниката за гинекологија, општата санитарно- хигиенска состојба не е на задоволително ниво, а медицинскиот отпад не се селектира прописно. Во Ургентниот центар, на Ортопедија и во Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза, општата хигиенско- санитарна состојба е релативно добра, за разлика од Трауматологија кадешто не е на задоволително ниво. Ова го констатирале инспекторите од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.
Како што информираат од ресорот здравство, синоќа по налог на министерот Таравари, инспекторите влегоа во клиниките на вонредна проверка. Министерството за здравство веднаш презема мерки за отстранување на констатираните недостатоци, стои во дописот.
