Ниту една пресуда против говорот на омраза
Ниту една пресуда против говорот на омраза- ова го покажува анализата на Македонскиот институт за медиуми. Јавните обвинители и МВР, кои се обврзани со закон да реагираат на вакво кривично дело, тешко покренуваат истраги, велат од МИМ. Препораките се итни измени во Кривичниот законик.

Нема ниту една пресуда против говорот на омраза. Појавата која доведува и до дела, станала растечка последниве три години, особено во времето на политичката и општествена криза во земјава, покажува анализата што ја спроведе Македонскиот институт за медиуми. Велат дека јавните обвинителства не само што не процесуирале, туку дури и не препознавале говор на омраза, кој е сѐ поголем спрема новинарите и политичарите. Жртвите се незаштитени, а сторителите се охрабруваат поради неказнивоста.
Поразително, според авторот на анлизата, Живановски, е што освен јавните обвинители кои се законски обврзани да реагираат на вакво кривично дело, и МВР тешко покренува истраги за сторителите.
Обвинителите наместо да чекаат, тие треба да делуваат и по допрен глас и по свое видување, вели адвокатот Лазар Сандев.
Најчест е говорот на омраза на социјалните мрежи, тврдат од Хелсиншки. Пред сѐ се однесуваат на етничката, политичката припадност и на сексуланата ориентација. Само во втората половина од минатата година имало 136 случаи, а од почетокот на годинава до сега 46. Само една постапка е пред судовите.
Препораките се итни- законски измени во Кривичниот законик, уште поитно активно вклучување на МВР и Обвинителството како сензибилизирање на јавноста за оваа појава.
Фиљана Кока
