Стотици загинати во невремето во Јапонија и Кина

07.07.2017 13:56

Спасувачките служби во јужниот дел на Јапонија понашле уште четири тела, со што вкупниот број на загинати при невремето се искачи на шест, додека најмалку 22 лица се уште се водат како исчезнати.

Стотици лица загинаа или се водат како исчезнати во невремето што ги погоди Јапонија и Кина. Спасувачките служби во јужниот дел на Јапонија понашле уште четири тела, со што вкупниот број на загинати при невремето се искачи на шест, додека најмалку 22 лица се уште се водат како исчезнати.

Од подрачјата погодени од невремето се евакурирани над 400 илјади лица. Во јужниот дел на Кина пак, силниот дожд предизвика поплави и свлечишта, во кои исчезнаа педесетина лица.

Материјалните штети се проценуваат на повеќе од милијарда долари.