Обвиненија за 8 лица за грабежот во НЛБ Банка
За тројца е продолжена мерка притвор, а за едно лице во сила се веќе определени мерки на претпазливост...

За грабежот во НЛБ Банка, скопското Јавно обвинителство поднесе обвиненија за 8 лица, заедно со предлог мерки за обезбедување присуство.
Во периодот од 31-ви март до 8-ми април, првите четворица обвинети со умисла и во повеќе временски поврзани дејствија, искористувајќи ја својата работна позиција украле 400 илјади швајцарски франци и 375 илјади евра. Два дена подоцна била извршена кражба и на 2 милиони швајцарски франци и 270 илјади евра, информираат од обвинителството.
За тројца е продолжена мерка притвор, а за едно лице во сила се веќе определени мерки на претпазливост.
За кривичното дело тешка кражба што се однесува на предмети во вредност од големи размери, пропишана е затворска казна од 3 месеци до 10 години, а за затајување, од една до 10 години.
За другите 4-ца се бараат мерки за претпазливост.
