Евростат: Македонија доцни со попис

07.07.2017 14:53

Методологијата за спроведување на попис е определена од Обединетите нации и не смее да биде предмет на политичко пазарење и извртување на принципот и начинот на извршување...

Република Македонија веќе пет години доцни со спроведување на попис, а тој не е политичка, туку статистичка операција. Треба да се спроведе единствено на лица кои при извршувањето на пописот ќе се најдат на територијата на Македонија и не се повеќе од една година отсутни од државата.

Ова е пораката од Европската канцеларија за статистика, што ја пренесе директорот за меѓународна соработка Пјетер Евераерс. Според него, методологијата за спроведување на попис е определена од Обединетите нации и не смее да биде предмет на политичко пазарење и извртување на принципот и начинот на извршување.

Со остварување на какви било други цели што немаат врска со една класична статистичка операција, таквиот попис во иднина нема да биде признат од Евростат, истакна Евераерс.