Со „Мamforce“ стандард, баланс меѓу приватниот и професионалниот живот

07.07.2017 15:20

Во Македонија на пазарот на трудот околу 45 насто од вработените се жени. Европскиот просек е 63,5 проценти. Со примена на нови стандарди се воведуваат дополнителни мерки за баланс меѓу семејниот и професионалниот живот.

Само 45 проценти од вработените во Македонија се жени, речиси 20-тина насто под просекот на земјите од Европската унија, која форсира до 2020-та да достигне 75 насто. Експертите сугерираат и државава да го зголеми просекот на учество на женската популација на пазарот на труд.

„Овој гап Македонија треба да го надмине и во наредните 2,5 години да го зголеми бројот на жени на пазарот на труд за најмалку 10 отсто. Поголемото учество на жените на пазарот на труд, меѓународните организации го препознаваат како голем потенцијал за подигање на конкурентноста на економијата“, вели Диана Кобас Декович, иницијатор на проектот „Mamforce“.

Иако високо обрзование завршуваат за 20 насто повеќе жени од мажи, со семејните обврски автоматски ги губат позициите. Сертификатот „Mаmforce“ ги обврзува компаниите да обезбедат баланс мегу приватниот и професионалниот живот, да креираат еднакви можности, флексибилно работно време и мегудругото подршка на мајките да ги услогласат семејните со деловните обврски.

„Мајките ќе им овозможат да си ги планираат семејните обврски без тоа да се одрази врз нивниот службен ангажман. Исто така, не смееме да ја заборавиме и улогата на мажите, особено на младите татковци кои се повеќе сакаат да се вклучуваат во развојот на своите деца и да минуваат повеќе време со нив“, вели Никица Кусеникова, здружение „Конект“.

ВИП е првата компанија што го доби сертификатот спроведен преку ревизија на работните услови на вработените, можноста за постепено породилно отсуство, за усовршување и родова еднаквост.

„Работиме на креирање и спроведување на внатрешни политики што овозможуваат баланс помегу професионалниот и приватниот живот водејќи се според принципите тим, доверба, агилност и висок степен на колегијална подршка и отворена комуникација мегу вработените“, вели Димитар Ковачевски, извршен директор на оваа компанија.

Новиот стандард има подршка и од Министерството за труд и социјала. Од таму со став- и клизното работно време во администрацијата е во насока, баланс меѓу професионалните и семејните обврски.

 

Сузана Фиданска- Стоевска