Самитот Г20 во Хамбург почна со големи антиглобалистички протести
Големи антиглобалистички протести, водени топови, повеќе од 110 повредени полицајци во жестоки судири. Ова е сликата од Хамбург за самитот на 20-те најразвиени држави. Светските лидери пристигнаа во германскиот град. Прва средба меѓу американскиот и рускиот претседател, Трамп и Путин. Главни прашања на самитот: односите ЕУ-САД, климатските промени, севернокорејската криза, случувањата на блискиот исток, мигрантската криза...

Состанокот на врвот во Хамбург како што е што е најавено, а и според она што се случува од синоќа со антиглобалните протести, најверојатно ќе остане забележан дека се одржува во најнапната атмосфера од формирањето на форумот од 2008-та година.
Домаќинот, германската канцаларка Меркел официјално ги поздрави учесниците.
„Милиони луѓе се надеваат дека Г20 треба да помогне во решевањето на пробелмите, но јас сум сугурна дека секој лидер ќе вложи напор за да се потигнат добри резултати“, рече канцеларката Меркел.
Големиот јаз се појави меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и членките на Г20 околу прашањата за трговијата, климатските пормени, и миграцијата со оглед на тоа што американскиот претседател сака во заваршната декларација да ја внесе својата економска агенда.
Европската унија е 20-та членка на Групата. Евролидерите очекуваат да се донсат заклучоци за прашања кои се приоритет на глобалната политика.
„Една од темите е миграцијата. Европа веќе две години се бори со илегалната миграција и успеавме во голема мерка да ја надминеме кризата на источниот брег на Медитеранот, Турција и ја засиливме соработката со балканските држави. Резултатот е намалувањето на бројката на приливот на нови мигранти“, рече претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.
„Со Туск наидовме на големо добредојде во Хамбург, но и видовме што се случува низ улиците. Секако дека за многу прашања треба да се усогалсиме, особено и за тоа кога, каде и како ќе почне да се спорведува париската декларација за климата, особено за оние земји коишто го потпишаа договорот“, рече претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер.
Американците не очекуваат премногу од овој самит од причина, бидејќи по највите на Трамп дека ќе излезе од Парискиот договор за климата, тој како да остана излоиран од своите колеги. Но, јавноста повеќе ја интерсира првата средба со рускиот колега, особено по почетните симпатии што ги искажа за Путин, за што беше обвинет дека кокетира со Русите. На Твитер, Трамп напиша дека се радува за оваа средба затоа што ќе има за многу нешта да расправа со него.
Повод за таков разговор беше и денешното ракување со Путин пред почетокот на заедничата седница.
Светските агенции известуваат и за хаосот што го предизвикаа големите антиглобаалистички портести. Хамабуршката полиција побара помош од другите делови на Германија за да го спречи насилството кое ги зафати улиците на овој пристанишен град.
Поради дивеењето на насилничките групи, дури првата дама на Америка не можела да учествува во предвидената порграма и не ја напуштила резиденцијата, затоа што нејзиното обезбедување не добило зелено светло од полицијата.
Еден од организаторите на движењето „Атак“ изјави дека целата им да се доближат до црвената зона, каде што се одржува состанокот. Групата „Блок 20“ претходно изјавија дека ќе напрват сѐ за да го спречат самитот. Меѓу овие луѓе е и градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио, инаку голем критичар на Трамп.
Колони на стотици демостранти пристигнуваат од сите делови на овој град, обидувајќи се да ги порбијат полициските кордони. Дури околу 200 демостранти ја нападанале полицијата, поради што единиците употребија водени топови.
Мирјана Василева
