Нова серија земјотреси во Охридско, тлото не мирува цели 20 дена
Жителите на Охрид, Струга и на Ресен со уште една непроспиена ноќ. Регистрирана е нова серија земјотреси во овој регион. Најсилниот бил со магнитута од 3,6 степени по Рихтер. Тлото, 20 дена не престанува да се тресе. Состојбата будно ја следи Сеизмолошката опстерваторија при Природно- математичкиот факултет во Скопје.

Тлото во Охридско не мирува, дваесетина дена се движи. Со работа не запираат ни двајцата сеизмолози од Сеизмолошката опсерваторија во Скопје. Ги контролираат апаратите, изработуваат извештаи. Ја следат состојбата за да можат да предупредат или да ги смират граѓаните.
Ноќеска и изутринава се регистрирани повеќе земјотреси во Охрид, Ресен и околината. Најсилниот изутринава бил 3,6 според Рихтерова магнитуда. Граѓаните го почувствувале со интензитет од 5 степени според европската макросеизмичка скала.
Черних- Анастасовска вели, земјотресите се најобјективен ревизор за градбите. Тоа е уште една опомена на граѓаните да ги почитуваат правилата за градба донесени по скопскиот земјотрес 1963-та.
Апелира до граѓаните за степенот и епицентарот на земјотресот како веродостојни да ги земаат податоците на нивнта сеизмолошка опсерваторија, не од интернет - страниците на странски сеизмолошки центри за да се избегне создавање паника.
Наташа Јанчиќ
