Германскиот дипломат Михаел Рот во посета на Скопје

09.07.2017 12:40

Рот од денеска до вторник ќе престојува во посета на Македонија и Србија...

Државниот секретар за европски прашања во Министерството за надворешни работи на Германија, Михаел Рот од денеска до вторник ќе престојува во посета на Македонија и Србија.

Беше крајно време да бидат надминати блокадите во поранешната југословенска Република Македонија. Политичарите ја однесоа земјата во многу тешка ситуација. Затоа сум задоволен од првичните надежни сигнали од новата влада. Премиерот Заев кажа јасно дека сака темелно да се занимава со интеграцијата во ЕУ и дека е искрено заинтересиран за регионално помирување, се вели во информацијата од германското МНР.

Предвидено е Рот прво да го посети Белград, а потоа ќе пристигне во Скопје.