И во Словенија, партиите спорат околу лустрацијата

13.02.2014 15:21

Словенечките политички партии спорат поради архивите за жртвите на тајната полиција од периодот на Југославија...

Словенечките политички партии спорат поради архивите за жртвите на тајната полиција од периодот на Југославија. Демократската партија на Словенија бара втор референдум за пристап до архивите. Тврди дека со претходниот закон е ограничен пристапот за истражување на злосторства извршени од комунистичкиот режим. Според измените на законот, ограничени се чувствителните податоци за жртвите и на членовите на тајната полиција, но не и политичката припадност.

Владејачката коалиција и опозициската Нова Словенија објаснуваат дека веќе нема да бидат забранети досиејата на жртвите што се се уште живи или што починале пред 10 години, но Демократската партија обвинува за нов обид за затворање на архивите за јавноста. Тие имаат 35 дена да соберат 40 илјади потписи за да го организираат референдумот за измени на законот.