Прекин на сообраќајот од 15-ина минути попладне на дел од патот Кичево - Охрид

24.07.2017 10:43

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини утрово е зголемен.

Поради изведување градежни работи (минирање) на магистралниот пат А2 патен правец Кичево – Охрид (Пресека – Врбјани)  денеска помеѓу 13 и 15 часот сообраќајот ќе биде во прекин околу 15 минути, соопшти Автомотосојузот на Македонија. 

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини утрово е зголемен.

На граничните премини и покрај зголемената фреквенција нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.