Шест лица убиени во протестите во Венецуела
Во ноќта во сабота спроти недела биле убиени кандидат за Уставотворното собрание и лидер на опозицијата. Инаку светските агенции пренесоа дека излезноста на вчерашните избори изнесувала 41,53 проценти, тоа значи дека гласале над 8 милиони лица од вкупно 19,4 милиони регистрирани гласачи.
Шест лица биле убиени вчера во Венецуела за време на протестите против изборите за Уставотворно собрание, распишани по барање на претседателот Николас Мадуро.
Во ноќта во сабота спроти недела биле убиени кандидат за Уставотворното собрание и лидер на опозицијата. Инаку светските агенции пренесоа дека излезноста на вчерашните избори изнесувала 41,53 проценти, тоа значи дека гласале над 8 милиони лица од вкупно 19,4 милиони регистрирани гласачи.
Опозицијата, ги оспорува тие податоци и тврди дека гласале нешто под 15 проценти од лицата со право на глас.
САД остро ги осудија вчерашните избори и соопштија дека ќе преземат „брзи и силни мерки“ против владата на претседателот Николас Мадуро.
