Субвенции за овоштарите и лозарите
31.07.2017 11:13
Оваа недела треба да почне исплатата на предвидените 28 милиони денари субвенции за 544 овоштари.

Неделава треба да почне исплатата на предвидените 28 милиони денари субвенции за 544-ца овоштари, исплатата на поддршката за лозарството, како и за штетите од невремето во општина Гази Баба, соопштуваат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Со оглед на состојбата во која се наоѓаат овоштарите од Преспанскиот регион, се прават напори да им се излезе во пресрет на земјоделците и на нивните барања, информираат од Министерството.
