Воздухопловното моделарство- страст и врвна вештина

31.07.2017 11:17

Спортскиот аеродром кај Прилеп деновиве ја собра младата европска елита во воздухопловното моделарство од 19 земји. Се одржа европскиот шампионат. Вештите моделари на летала ќе бидат идни пилоти, инженери, а теренот ги исполнува највисоките стандарди. Лани таму се одржа светското првенство. Државата со поддршка на младите македонски моделари меѓу кои се идните наши пилоти...

Наука, нови технологии, електроника и многу љубов кон моделирање на леталата и освојувањето на небото покажаа европските врвни млади надежи во воздухопловното моделарство. 80 вљубеници во техниката на летањето од 19 земји ги демонстрираа вештините во три категории. Велат, тоа е страст која ќе им ја обликува и иднината.

Ова е креативно хоби. Татко ми ме научи да правам летала. Желба ми е да бидам светски сениорски првак и да станам инженер по аеронаутика“, вели Давид Липски, Полска.

Имам 16 години. Моделарството го сакам зашто е одличен спорт со многу техника“, изјави Игор Босниевич, Русија.

Според натпреварувачите и организаторите, спортскиот аеродром кај Прилеп е еден од најдобрите терени на Балканот за развој на овој спорт. Македонските надежи во воздухопловното моделарство ги учат вештините.

За две години спортскиот аеродром кај Прилеп пак ќе биде местото каде ќе се сретне европската елита во воздухопловното моделарство.

 

Елизабета Митреска