Канадска компанија заинтересирана за инвестиција во Охрид
13.02.2014 15:55
За наредната недела е закажан состанок при што ќе се разговара за изградба на капацитет во кој во првите три години би се вработиле 200 лица...

Канадска компанија е заинтересирана за инвестиција во Охрид. За наредната недела е закажан состанок при што ќе се разговара за изградба на капацитет во кој во првите три години би се вработиле 200 лица, најави градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.
Денеска Охрид го посети министерот за образование Спиро Ристовски, кој соопшти дека во текот на наредните неколку дена ќе започне првата фаза од реконструкцијата и санацијата на објектите во рамките на охридската касарна кои ќе бидат наменети за потребите за Универзитетот „Свети Апостол Павле“.
За околу една година се очекува Универзитетот со своето функционирање да се пресели во рамките на сегашната касарна. Универзитетскиот кампус според зборовите на охридскиот градоначалник отвора широки хоризонти за странски инвестиции, особено на оние компании кои имаат потреба од обучени кадри во областа на информатичките технологии, компјутерскиот инженеринг и програмирањето.
Сашо Нелоски
