Абе и Трамп: Потребни се мерки против Северна Кореја
31.07.2017 12:05
Северна Кореја во саботата соопшти дека извршила уште едно успешно тестирање на интерконтинентална балистичка ракета, способна да изведе напад врз американска територија.

Јапонскиот премиер Шинѕо Абе соопшти дека телефонски разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп при што го потврдиле ставот дека е неопходно да се преземат мерки против Северна Кореја по нејзината најнова ракетна проба.
Северна Кореја во саботата соопшти дека извршила уште едно успешно тестирање на интерконтинентална балистичка ракета, способна да изведе напад врз американска територија.
Абе и Трамп, меѓутоа, не ја разгледале можноста за воени дејствија Против Северна Кореја.
