Путин: Русија ќе ја напуштат 755 американски дипломати
31.07.2017 12:08
Путин истакна дека Русија е способна да наметне дополнителни санкции кон САД, но нема да го стори тоа, затоа што тоа ќе им наштети на меѓународните односи...

Рускиот претседател Владимир Путин потврди дека 755 американски дипломати треба да ја напуштат Русија.
Путин истакна дека Русија е способна да наметне дополнителни санкции кон САД, но нема да го стори тоа, затоа што тоа ќе им наштети на меѓународните односи и додаде дека дури и да дојде до промена во односите меѓу САД и Русија, тоа нема да се случи во скоро време.
Путин, сепак, изјави дека САД и Русија ќе постигат резултати во соработката дури и „во оваа доста тешка ситуација“.
