Мадуро: Победа на изборите за Уставотворно собрание
Обраќајќи им се на стотиците приврзаници во Каракас, Мадуро рече дека ова е најголема победа што револуцијата ја оствари во својата 18-годишна историја. Светските агенции пренесоа дека излезноста на вчерашните избори изнесувала 41,53 проценти, тоа значи дека гласале над 8 милиони лица од вкупно 19,4 милиони регистрирани гласачи.

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро прогласи победа на изборите за уставотворното собрание. Обраќајќи им се на стотиците приврзаници во Каракас, Мадуро рече дека ова е најголема победа што револуцијата ја оствари во својата 18-годишна историја. Светските агенции пренесоа дека излезноста на вчерашните избори изнесувала 41,53 проценти, тоа значи дека гласале над 8 милиони лица од вкупно 19,4 милиони регистрирани гласачи. Опозицијата, ги оспорува тие податоци и тврди дека гласале нешто под 15 проценти од лицата со право на глас.
Инаку шест лица биле убиени вчера во Венецуела за време на протестите против изборите за Уставотворно собрание. Во ноќта во саботата спроти неделата биле убиени кандидат за Уставотворното собрание и лидер на опозицијата. Најмалку четворица полицајци, пак, биле ранети кога рачно изработена бомба била фрлена врз конвој од полициски мотоцикли во Каракас. Според електронското издание на весникот „Универзал“, во нападот настрадале и граѓани, а неколку мотоцикли биле изгорени.
„Ова е духот на венецуела. Духот не може да се скрши, оној дух што го видовме денеска. Денеска го запечативме падот на диктатурата“, изјави Марија Корина, поддржувач на опозицијата.
„Опозицијата сака насилство и војна. Тие не не сакаат нас, но ние ке продолжиме да се бориме, а тие треба да сфатат дека нема да победат“, изјави Марлен Родригез, поддржувач на Мадуро.
САД остро ги осудија вчерашните избори и соопштија дека ќе преземат „брзи и силни мерки“ против владата на Мадуро. Критичарите предупредуваат дека Уставотворното собрание ќе му овозожи на претседателот да го распушти Конгресот, каде мнозинство има опозицијата, да ги пролонгира изборите и да ги измени изборните правила. Американските медиуми пренесоа дека САД, Аргентина, Перу, Колумбија и Панама нема да ги признаат изборните резултати.
Марина Автовска
