Мал број лица со хендикеп вработуваат приватниот и јавниот сектор
Слаб е интересот за вработување на лицата со посебни потреби. Компаниите покажуваат интерес, но најмногу ангажирани има од заштитните организациии. Мала е бројката во јавниот и во приватниот сектор. Нов закон се подготвува веќе три години- велат од Полио Плус.

Мал е бројот на вработени лица со хендикеп во приватниот и јавниот сектор. Иако државата нуди финансиска поддршка за прилагодување на условите за работа, само заштитните организации каде се работи мануелно, отвораат работни позиции за нив. Досега ангажирале 2.000 луѓе со посебни потреби. Образованието е главен проблем- велат од Полио Плус. Специјализираните училишта немаат иста програма, бидејќи не се доволно обучени за извршување на посложени задачи, не се ни конкурентни на пазарот на труд- објаснува Ортаковски. Веќе три години во фаза на изработка е нов закон.
Позајакнато да се применува и квотниот систем за вработување со кој се предвидува на секои 35 вработени, да се ангажира и едно лица со хендикеп- бараат од Здружението. Преку Центарот за вработување на хендикепирани во Стопанската комора, се врши обука на компаниите околу вештините, и квалификациите за интеграција на пазарот на труд.
Повеќе од една ипол деценија, држвата обезбедува финансиска подршка за вработување на лицата со посебни потреби, техничка помош и до 200 просечни плати за опрема на инвалидизираните.
Сузана Фиданска- Стоевска
