Јавниот долг намален за 0,3 проценти

31.07.2017 16:25

Јавниот долг на 30-ти јуни годинава е намален за 0,3 проценти, односно изнесува 4 милијарди 708 милиони евра, што претставува 46,1 отсто од БДП.

Според последните податоци на Министерството за финансии, јавниот долг на 30-ти јуни годинава е намален за 0,3 проценти, односно изнесува 4 милијарди 708 милиони евра, што претставува 46,1 отсто од БДП.

Споредено со претходниот квартал, јавниот долг бил намален за 31,4 милиони евра, соопшти ресорот за финансии.