Владата ја ангажира АРМ за справување со пожарите
Состојбата со пожарот во атарот на село Требовље, во близина на Македонски Брод, на владина седница. Како што информираше портпаролот Бошњаковски, министрите за одбрана, за внатрешни работи, транспорт и врски и за здравство, како и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, уште синоќа презеле активности огнената стихија да се стави под контрола.

Пожарите кај Македонски Брод се уште се активни, а за нивно гасење се ангажирани и припадници на АРМ.
За пожарите синоќа на седница расправаше Владата на Република Македонија. Владиниот портпарол, Миле Бошњаковски изјави дека пожарот во 20 часот се уште бил активен во Лутовец и во правец на Сува гора и оти имало тенденција да се прошири кон селото Здуње и првите куќи во Требовље.
На барање на ДЗС, во гаснењето биле вклучени и два хеликоптера на АРМ, а доплнително се активирани и два пешадиска вода од четвртиот баталојн на АРМ од Кичево.
Поради пожарите, свикан е Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи во кој членуваат владините министри за одбрана, внатрешни работи, транспорт и врски и здравство, како и директорот на ДЗС.
Повеќе информации за справувањето со пожарите кај Македонски Брод се очекува да соопшти директорот на ДЗС, Шабан Салиу на прес-конфренцијата закажа за 12 часот.
