Сончево и топло, температура над 40 степени

01.08.2017 10:33

Наредните денови Македонија ќе биде во жолта, а во петок и во сабота одредени региони од земјава ќе ги исполнат условите за портокалова фаза на предупредување од топлотни бранови.

Продолжува сончевото и многу топло време, со температура која на места долж Повардарието ќе надмине и 40 степени. УВ-индексот ќе биде многу висок со вредност 9.

Наредните денови Македонија ќе биде во жолта, а во петок и во сабота одредени региони од земјава ќе ги исполнат условите за портокалова фаза на предупредување од топлотни бранови.

Во сабота кон недела се очекува да има локална појава на краткотраен пороен дожд со грмежи, информираат од УХМР.